• четврток, 25 декември 2025

Откажан новогодишниот концерт на ФА „Ацо Ѓорчев“  Неготино

Откажан новогодишниот концерт на ФА „Ацо Ѓорчев“  Неготино

 Неготино, 20 декември 2025 (МИА) - Откажан е концертот на Фолклорниот ансамбл „Ацо Ѓорчев“ Неготино, поради загинувањето на 17-годишно момче, информираа денеска од Ансамблот.  

- Со длабока тага и болка известуваме дека новогодишниот концерт се откажува. Причината е трагичната загуба на нашиот 17-годишен сограѓанин, другар и пријател на децата од ансамблот. Во овие тешки моменти, сметаме дека нема место за славење, туку за тишина, почит и сочувство. Изразуваме најискрено сочувство до семејството, блиските и сите погодени од оваа ненадоместлива загуба. Ансамблот останува обединет во поддршката и споменот на еден млад живот прерано згаснат, соопштија од „Ацо Ѓорчев“. 

Од Секторот за внатрешни работи Велес, претходно информираа дека малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник. 

-  Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција. свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан